2win800x200

На Пелистер ќе се маркира велосипедска и пешачка патека од Цапарска Пресека преку кањонот до селото Цапари

Ноември 24, 2025

 На Пелистер ќе се пробива велосипедска и пешачка патека од Цапарска Пресека до село Цапари, информира Националниот парк Пелистер. - Во текот на изминатиот викенд во соработка со Extreme Bike Team Bitola работевме на извидување на терен со цел обновување, пробивање и GPS маркирање на велосипедска и пешачка патека која ќе води од Цапарска пресека низ кањонот на Цапарска река, па се до с.Цапари. Станува збор за патека која е клучна за развој на велосипедски систем на патеки и поврзување на с.Цапари и с.Ротино со НП Пелистер. На овој начин овие населени места ќе бидат дел од идна туристичка понуда на регионот, велат од НП Пелистер. 1000009494 1000009503 1000009492 После уредувањето на излетничките места Цапарски вир и Ротинско езеро следи нивно поврзување со пешачка и велосипедски патеки кои би почнувале од Инфоцентар - Цапарска пресека - Цапарска река - Цапарски вир - Ротинско езеро - Голема - Мала ливада - Инфоцентар. 1000009500 1000009498

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани