2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Геосфера подели 900 памучни торби со еко пораки

Март 19, 2022

Активисти на Регионалното географското друштво „Геосфера“ од Битола на граѓаните  денес им поделија 900 памучни торби со еко пораки. „Биди кабадаја, земи ме на пазар“ пишуваше на дел од торбите.  Целта е да ја подигнат еко-свеста кај населението за употреба на еколошки материјали и исфрлање на пластиката од секојдневието. 

„Насмевките на лицата говорат за задоволството на граѓаните“, велат од „Геосфера“. 276031098 4942981859089097 3147933840647395059 n
 
Акцијата беше спроведена на просторот на двата градски пазари во Битола, а финансиски поддржана од Фондација Отворено Општество -Македонија. 
 
Загадувањето со пластика денес е едно од најгорливите прашања кога станува збор за животната средина, поради фактот што забрзаното производство на пластични производи кои потоа се фрлаат е поголемо од капацитетите за справување со тие производи на светско ниво.  Во земјава веќе е воведена забрана за употреба на пластични кеси во трговија. 
276036771 4942981739089109 1464640988394869911 n
 
276059654 4942981975755752 7835995197889705275 n
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани