2win800x200

И годинава по повод 4 Ноември Офицерски ги отвора вратите за сите кои сакаат да ја видат внатрешноста на објектот

Ноември 01, 2022
 
По повод 4  Ноември, Денот на ослободувањето на Битола, и оваа година битолчани и останатите посетители  ќе имаат можност да го видат велелепниот  Офицерски дом реконструиран пред повеќе од една година. Културно информативниот центар организира Отворен ден во сабота на 5 ноември   во најубавиот објект во нашиот град, кој токму  граѓаните го спасија од продажба и повторно и го вратија на Битола. 
 
-Време е, да ја задоволиме љубопитноста на битолчани и сите добронамерници. Знаеме дека ќе Ве има во голем број, а ние ќе се потрудиме да бидеме достојни домаќини. Сабота 05.11.2022 од 09.00 до 21.00 ч. - Офицерски дом - Битола, информираат од КИЦ Битола
 
Офицерскиот дом свечено беше отворен лани по комплетната негова реконструкција, каде градоначалничката во заминување Наташа Петровска ја организираше свеченоста по повод 4 Ноевмри.  Следниот ден објектот  беше отворен  за битолчани да ја видат убавината на старата реконструирана зграда.
 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани