
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Франкофонска пролет: Младинска културна ноќ
На 31 март 2026 година, се одржа „Франкофонска пролет: Младинска културна ноќ“, поддржана од мрежата на Europe House Битола. Младинската културна ноќ е настан што донесе нова енергија и креативност, дополнувајќи го културниот живот во Битола. Вечерта беше организирана од Француска алијанса во Битола, Амбасада на Франција во Скопје и Француски институт во Скопје, како дел од традиционалната Франкофонска пролет.
Настанот претставуваше еден динамичен простор за да се изразат младите, што ја негуваат уменоста, во секоја форма.
Младинската културна ноќ отвори димензии на заедништво и размена на енерија насочена кон квалитетна уменост. Меѓукултурно поврзување, дополнително ја збогати атмосферата на настанот.
Вечерта, помината во духот на соработка, инспирација и споделена искра за култура во градот, потврди дека младите се носители на културниот развој. „Младинска културна ноќ“ во рамки на „Франкофонска пролет“ ја поентира важноста на ваквите соработки кои создаваат простор за уметничко и младинско изразување, интеркултурен дијалог и негување на уметноста во заедницата.




