2win800x200

Општина Битола издава локации за поставување урбана опрема на Градското Шеталиште

Април 01, 2026

ОГЛАС ЗА  ПРИБИРАЊЕ НА ПОНУДИ ЗА ИЗДАВАЊЕ НА ЛОКАЦИИ ЗА ПОСТАВУВАЊЕ НА УРБАНА ОПРЕМА

 
Општина Битола издава локации за поставување урбана опрема за комерцијално користење на Градското шеталиште во Битола за периодот од 15.04.2026 до 15.10.2026 година.
Локација за поставување на урбана oпpeмa:
- вкупно 4 (четири) локации за поставување урбана опрема- тезга со површина од 2 м2 под Мезе Бар Јагода во Битола.
- вкупно 5 (пет) локации за поставување урбана опрема- тезга или трицикл со површина од 2 м2 до Детскиот парк, покрај оградата, во Битола.
- вкупно 14 (четиринаесет) локации за поставување урбана опрема- тезга или трицикл со површина од 2 м2 по должина на градското шеталиште, од лева страна гледано кон градскиот базен во Битола.
Локациите за поставување на урбана опрема ќе се издаваат за времетраење од 15.04.2026 до 15.10.2026 година.
 
Почетната цена за издавање на локација за поставување на урбана опрема на Градско шеталиште изнесува:
- 2.500,оо денари по локација под Мезе Бар Јагода (тезги)
- 4.000,оо денари по локација до детскиот парк, покрај оградата (тезги и трицикл)
- 5.000,оо денари по локација по должина на градското шеталиште, од лева страна гледано кон градскиот базен (тезги и трицикл)
Почетните цени за издавање на времено користење на локации за поставување на урбана опрема се однесуваат на месечен период.
Во почетната цена за издавање на урбана опрема не се содржани трошоците за комунална такса, одржување на хигиена, приклучок и трошок за електрична енергија и истите паѓаат на товар на најповолниот понудувач.
 Право на учество на јавниот повик за изнајмување на урбана опрема има секое физичко лице со живеалиште во општина Битола и секое правно лице кое има регистрирано деловно седиште во општина Битола и кое не е во постапка за стечај или ликвидација. 
 
Понудите да се достават најдоцна до 07.04.2026 година во 12:00 часот.
Понудите се доставуваат лично во Архивата на Општина Битола.
Повеќе на следниот линк: https://www.bitola.gov.mk/urbana-oprema/
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани