АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
-Со реализација на планот ќе се обезбеди подигање на довербата кон општинските органи, јавни служби и установи основани од општината, ефикасно користење на јавните ресурси, како и јакнење на демократијата и општествените вредности, информираат од Општина Битола.
Годишниот план за спречување на корупцијата и судирот на интереси, односно антикорупциската политика, Општина Битола ја базира на повеќе законски и подзаконски акти како што се Кривичниот законик, Законот за заштита на укажувачи, Законот за лобирање, Законот за јавна внатрешна финансиска контрола, Кодексот на административни службеници, како и Конвенцијата на Обединетите нации против корупција и Цивилната конвенција за спречување корупција.
Со годишниот акциски план за антикорупција ќе се зголеми нивото на политичка одговорност и демонстрирана волја за борба против корупција, јакнење на интегритетот и отчетноста, зголемување на транспарентноста и одговорноста на вработените кон граѓаните, како и подобрување на ефикасноста во работењето, јакнење на надзорните и контролните механизми, кои ќе ја ограничат и спречат можноста за злоупотреба на службената положба за остварување на лична корист, како и еднаков третман кон граѓаните во добивањето на услуги од страна на општинската администрација.
Составен дел на годишниот план е акциски план во кој детално се разработени идентификуваните мерки со активности и индикатори, потврдија од Општина Битола.