АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Криминалистичката полиција при СВР Битола од областа на недозволена трговија со оружје во СВР Битола евидентира 37 кривични дела од недозволената трговија со оружје при што поднесени се 36 кривични пријави, против 42 сторители. Најчесто одземени предмети се: 18 парчиња оружје; муниција 423 парчиња и 22637 парчиња пиротехнички средства.
СВР Битола од областа на недозволена трговија со дрога поднесе 79 кривични пријави за сторени 88 кривични дела по чл.215 и чл.216 од КЗ на РМ, против 100 сторители. Како резултат на рутинска проверка од страна на полициските службеници и насочено работење на инспекторите од недозволена трговија со дрога запленети се најмногу марихуана; хероин; кокаин, хашиш.
„Исто така, треба да издвоиме дека се извршени повеќе претреси на различни локации, а еден од последните ќе го издвоиме претресот во деловни и други помошни простории кај правно лице од Битола во стечај. При претресот биле пронајдени и со потврда за одземени предмети одземено е опојна дрога марихуана, по што поднесена е кривична пријава против 4 лица од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет, наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, предвидено и казниво по член 215 од Кривичниот законик“, велат од СВР Битола.
Само во Битола за овие 11 месеци лишени од слобода над 150 лица кај кои била пронајдена дрога, од кои за 12 од нив од страна на судија на претходна постака одредена е мерка притвор. Во периодот 01.01. -30.11.2022 година, од стана на криминалистичката полиција во Битола евидентирани се 36 кривични дела, против 48 сторители. Запленето е: Марихуана -122 ,5кг или за 60 пати повеќе од лани ,Хероин 146,77 грама или за 2 пати повеќе од лани.