СВР Битола информира за два случаи каде возрасни лица натепале деца. И во двата случаи тепањето на децата е пријавено после полноќ и во раните утрински часови.
На 31.05.2025 во 02.30 часот, во СВР Битола Г. Т.(42) од Битола пријавил дека на ул. „Тошо Даскало" во Битола неговото малолетно дете било физички нападнато од В.Ц.(42) од Битола. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
На 31.05.2025 во 00.30 часот, во СВР Битола Џ.Ј.(37) од Битола пријавил дека неговиот малолетен син бил физички нападнат од соседот М.Е.(39). Се преземаат мерки за расчистување на настанот.