АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев заедно со директорот на БЈБ, Сашо Тасевски, оствари работна средба со раководството на СВР Битола. Бојмацалиев изјави дека безбедносната состојба на територијата на СВР Битола е задоволитетлна, граѓаните се безбедни и полицијата е на терен за да ги превенира сите несакани појави.
„На територијата на СВР Битола имаме одлични резултати во однос на борбата против дригата, неовластена употреба на оружје, миграција на оваа територија нема, што е доказ дека одлично се сработиле работите во тој дел. На територијата на СВР Битола бележиме и намалување на сообраќајните несреќи, тешките телесни повреди и жртви во сообраќајни несреќи“, рече дополнителниот заменик министер за внатрешни работи
Бојмацалиев додаде дека во имзинатите 6 години на територијата на СВР Битола беа реконструирани објектите на полициските станици во Битола, Прилеп, Кривогаштани, Крушево и Ресен за што од буџетот на МВР беа издвоени 45 милион денари. Со овие зафатим полициските станици добија модерен лик.