2win800x200

Дали после 33 години продолжува изградбата на соборниот храм „Собор на сите македонски светители“ - во Нова Битола?

Февруари 22, 2026

После 33 години, битолчани овие денови се сведоци дека се носи градежен материјал и други елементи за поставување на градежни скелиња во дворот на соборниот храм „Собор на сите македонски светители“ — црква во изградба која се наоѓа во населбата Нова Битола, на самиот агол од вкстувањето на улиците „Партизанска“ и „Васко Карангелевски“ во Битола.

Во дворот има оставено градежни материјали што асоцира на продолжување на изградбата на соборниот храм во Нова Битола. 

Доизградбата на соборниот храм во Битола, кој досега е реализаран само околу една третина од планот, е долгопосакувана желба на православните верници од Битола. 

b3ade642 295b 4381 9ccc 8d49e8c1660b 1

фото Апла 

Во скоп на комплексот е и црквата Свети Атанасиј.

 Messenger creation 2BABE9B7 8297 4113 8381 4FAD5E81F2D4

 

Црквата е во фаза на изградба од 1993 година. Според архитектонскиот план храмот треба да биде еден од најголемите во Македонија и Балканот со камбанарија од 80 метри, средна купола 55 метри, и други објекти како крстилница, библиотека, галерии, соби за симпозиуми и други потреби. 

 

Соборниот храм запре со изградбата некаде после аферата ТАТ во 1997 година.  

Во склопот на недовршениот храм  „Собор на сите македонски светители“,  Преспанско пелагониската ја изгради црквата Света Лидија Македонка, ова е првиот храм посветен на оваа македонска светица на територијата на Македонија, осветен на 22 јуни 2019 година од страна на владиката Петар, митрополит Преспанско-пелагониски. 

Црква Света ЛидијаБитола 03

црквата Света Лидија  

 

 

Анета Блажевска 

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани