
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
СВР Битола - На 24.02.2026 во СВР Битола, В.Р.(41) од Битола пријавил дека на ул.„Арон Ароести” во Битола, неговиот малолетен син бил физички нападнат од соседот Б.Н., а подоцна во населба „Карпош” во Битола, тој заедно со неговиот син се сретнал со соседот Б.Н. и лицето Ц.Н. при што по меѓусебна расправија помеѓу нив и во еден момент Ц.Н. го удрил неговиот син. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
