2win800x200

Притвор за 29 годишен дилер на дрога од Битола - наголемо „работел“ со наркозависници од Битола

Февруари 23, 2026

 

Криминалистичката полиција при СВР Битола, до Основното јавно обвинителство Битола, поднесе кривична пријава против Л.Б.(29) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори”. Имено, пријавениот подолг период нелегално набавувал поголема количина на марихуана, која ја чувал во визба од зградата каде живее во Битола и ја препакувал за продажба на наркозависници на подрачје на Битола. На 21.02.2026, со судска наредба, бил извршен претрес во домот и други помошни простории кај пријавениот, при што биле пронајдени и одземени марихуана и дигитална вага.
Од страна на судија на предходна постапка на Л.Б. му била одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани