
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
СВР Битола соопшти - На 19.05.2025 во 19.55 часот во с.Лавци, битолско, полициски службеници од СВР Битола ги лишија од слобода М.К.(33), Д.П.(38) и Д.М.(36), сите од Битола. При претрес во домот на М.К.(33) во с.Лавци, извршен со судска наредба, во кој беа затекнати и Д.П. и Д.М., пронајдени и одземени се дигитална вага со остатоци од марихуана, семки од растението канабис, 41 стаклена тегла со изртена габична материја, тегли, шишиња и шприцеви исполнети со течност, импровизирани саксии со растението канабис и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.
По документирање на настанот, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.