2win800x200

Го осудуваме опожарувањето на возилото на поранешниот кандидат за градоначалник, велат од СДСМ Битола

Мај 20, 2025
фото АПЛА.мк  фото АПЛА.мк
РЕАКЦИЈА НА СДСМ БИТОЛА ЗА ПАЛЕЊЕТО НА ВОЗИЛО ВО БИТОЛА
СДСМ Битола најостро го осудува опожарувањето на возилото на поранешниот кандидат за градоначалник на Битола од нашата партија, Христо Кондовски.
Овој насилен чин влева страв кај граѓаните за нивната личната безбедност, а на само неколку месеци пред локалните избори, и несигурност за интегритетот на процесот.
Битола станува небезбедна, а со вакви појави гледаме дека и цела Македонија е претворена во место на страв и пресметки. Власта мора итно да реагира – ова не смее да стане новото нормално.
Очекуваме брза и ефикасна истрага, а сторителите да бидат изведени пред правдата.
 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани