2win800x200

По дождот поплавен пристапниот пат до маркетот „Кам“ во Новиот пазар, од „Пазари“ работат на расчистување на ситуација

Мај 19, 2025

По врнежите од дожд во изминатите денови поголема колина на вода е насобрана во пристапниот пат кон маркетот „Кам“ во Новиот пазар во Битола. Битолчани за „Апла“ реагираат дека отежнат е пристапот со возила до маркетот и другите продавници во приземјето. Од ЈП „Пазари“ Битола за „Апла“ изјавија дека работат на расчистување на ситуацијата и дека денеска ќе биде надмината ситуацијата. 

-Момнетално сме ангажирани на тој проблем, во саботата црпевме вода, но снема струја и пак има насобрано вода, моментално сме при крај со црпење на водата со пумпа и денес ќе се реши проблемот, ќе се постави нова пумпа, вели Драги Џаревски, директор на ЈП „Пазари“ Битола. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани