Изминатиот викенд Битола и РК Еурофарм Пелистер беа домаќини на Ф4 завршниот турнир за шампион на Македонија во пионерска конкуренција. Нашите млади надежи, пионерите на РК Еурофарм Пелистер, завршија на второто место, а она што радува е дека спортската сала "Боро Чурлевски " беше исполнета, а ракометна Македонија има иднина.
Им честитам на шампионите на Македонија во пионерска конкуренција, ракометарите на ГРК Охрид и на третопласираните РК Вардар 1961 и четвртопласираните РК Алкалоид од Скопје.
Спортот е нашиот најголем амбасадор, вложувањето и посветеноста вродува со плод, а за тоа е доказ и овој Ф4 каде имавме можност да ги гледаме идните ѕвезди на македонското ракометно небо, наследните на сегашните и поранешните ракометни легенди!