2win800x200

Уапсен маж од село Јанковец возел со 2.38 промили алкохол во крвта и без возачка дозвола

Мај 18, 2025
На 18.05.2025 во 02.18 часот, полициски службеници од ОВР Ресен го лишија од слобода Д.К.(27) од с.Јанковец, ресенско. При сообраќајна контрола во с.Јанковец е сопрено патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, и по преземени мерки е констатирано дека не поседува возачка дозвола и дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 2.38 промили алкохол во крвта. 
Тој е исклучен од сообраќај и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“. 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани