
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во раните утрински часови дојде до дефект и краткотраен испад на 110 киловолтната преносна мрежа. Причина за овој прекин се високите напони на 400 киловолтната мрежа во целиот регион, што го афектираше нашиот систем и го предизвика краткотрајниот испад на енергетските трансформатори 400 /110 киловолти во трансформаторски станици, информираат од АД МЕПСО. Станува збор за регионален и европски проблем со кои се соочуваат речиси сите преносни систем оператори поради нискиот транзит и конзум на електрична енергија во текот на ноќните часови и викендите во овој период од годината. Од настанување на испадот, екипите на АД МЕПСО експресно реагираа и за околу еден час по прекинот, нормализирано е напојувањето со електрична енергија во државата, соопшти АД МЕПСО. Голем дел од Македонија рано утрово остана без електрична енергија поради неочекуван прекин во снабдувањето што започна нешто околу 5 часот.
Граѓани од бројни градови и региони, меѓу кои Кичево, Прилеп, Битола, Охрид, Штип, Струмица, Кочани, Крушево, Скопје, Гевгелија и Куманово, пријавија прекин на струјата преку социјалните мрежи.
Некои скопски населби добија струја околу 6 часот, а други региони околу 7 часот, но на многу места снабдувањето со електрична енергија сѐ уште не е нормализирано.
Граѓани кои успеале да го добијат контакт-центарот на ЕВН велат дека им било кажано дека станува збор за голем дефект.