2win800x200

КОНЕЧНО ГРАЃАНИТЕ КОИ ИМААТ ФОТОВОЛТАИЦИ ЌЕ ПРОДАВААТ СТРУЈА Со новиот Закон за енергетика Македонија ќе стане енергетски стабилна и независна земја

Мај 17, 2025

Главната цел на нашата Влада е инвестирање во зелена енергија, во зелена агенда, односно отворање на обновливи извори на енергија, посебно коишто ќе бидат во сопственост на ЕСМ, односно на Македонија, вели пратеничката Силвана Ангелевска. Новиот Закон за енергетика ќе овозможи безбедност и сигурност во снабдувањето со електрична енергија како и премин кон обновливи извори на енергија, инвестирање во зелена агенда, а со тоа и можност за посветла иднина на граѓаните, вели пратеничката Силвана Ангелевска, во поткастот „ВМРО-ДПМНЕ Зборува, пратеничка група“.

– Донесовме комплетно нов закон, којшто е обемен, има околу 317 членови и ја регулира целокупната проблематика на енергенсите во Република Македонија, не само на електричната енергија, на гасот, на топлинската енергија. Го донесовме со европско знаменце. Зошто? Заради тоа што комплетната европска регулатива ја транспониравме во нашето законодавство. Тоа е наша обврска бидејќи сме потписници на многу договори, ратификувани, нашата обврска кон зелена енергија и наша цел е во иднина да одиме кон зелената енергија, трансформација кон обновливи извори на енергија. Со ова поставивме всушност една законска рамка, којашто значи пред сè сигурност во снабдувањето, безбедност во снабдувањето – вели Ангелевска. Извор Плусинфо

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани