2win800x200

Демирхисарската полиција уапси прилепчанец поради криумчарење на тутун и текстил

Мај 31, 2025

СВР Битола информира -

На 30.05.2025 полициски службеници од ОВР Демир Хисар, по претходно добиени оперативни сознанија, на патот Демир Хисар - Кичево сопреле товарно моторно возило “цитроен" со прилепски регистарски ознаки, управувано од С.Б.(39) од Прилеп. При преглед на возилото била пронајдена акцизна стока - 26 паковки тутун со вкупна маса од 13 килограми, како и различен вид на текстил. Тутунот е одземен и предаден на Царинска управа Битола, а возилото со текстилот е предадено на Царински терминал Битола за понатамошна постапка. С.Б. е лишен од слобода и по документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани