АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Советникот од СДСМ Борче Корлевски на денешната седница на Совет побара информација до каде се ревизорските извештаи за јавните претпријатија и училиштата што ги најави Општина Битола. Рече дека ги чекаат со месеци.
„Барам информација од Општина Битола за ревизорскиот извештај кој го најави за јавните претпријатија. Да видиме што се случи со тој ревозорски извештај? Беше најавена ревизија јавно и во медиумите за училиштата и барам точка на дневен ред дали тој ревизорски извештај е подготвен? И за училиштата за донациите- праша Корлевски.
Претседателката на Совет Габриела Илиевска рече дека ревизорските извештаи не се готови за сите јавни претпријатија, штом ќе бидат готови тогаш сите советници ќе ги добијат на мејл.Таа рече дека материјалите за донациите во училиштата им биле испратени утрото пред седницата. Но, Корлевски рече дека не е во ред да се испраќаат пред седница.