2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Реновирана и опремена спортската сала за лица со попрчености во Битола каде тренира и државниот првак на слепи лица во голбал

Октомври 14, 2022

Ајнур Османовски беше прогласен за најдобар дефанзивец на меѓународното првенство што недоамна се одржа во Ниш, Србија во параолимписката игра голбал каде учествуваа репрезентации од Балканот, а Македонија беше претставена со Тимот на слепи лица од Битола. Само неколку ден подоцна овој тим стана државен првак на државаното првенство во Македонија, натпреавурвајќи се со 12 екипи при што не претрпе ни еден пораз. Прваците тренираат во спортската сала во Центарот за социјални работи во Битола која денес беше пуштена во употреба по реновирањето и опремувањето со нова спортска опрема и реквизити.

„Тренирам 21 година и за првпат го добивме ова прво место иако имаме многу освоени втори места и загубени финалиња. Тренираме во оваа сала два пати во неделата. Тренираме пред се оринетација во простор зашто ни се врзани очите и не гледаме ништо. Ја тренираме мускулатура за да имаме подобар шут. Овој спорт за мене е многу значаен, место каде ние слепите можеме да се покажеме во најдобро светло. Ни значи како фудбалот и ракометот“, рече Османовски.

Општина Битола вложи донација во опрема од 111 847 денари за да се подобарат можностите за спортско рекреативни активности за лицата со поречености. „

„Донација во опрема во вредност од 111.847 денари е обезбедена во рамки на проектот „Зајакнување на локалните капацитети за спроведување на Агенда 2030 и принципот Никој да не биде изоставен“ во партнерство со ЗЕЛС. Проектот е имплементиран од НАЛАС - Mрежа на националните асоцијации на локалните власти во Југоисточна Европа и ЗЕЛС, во соработка со GIZ, а во име на Германското Федерално Министерство за економска соработка и развој (BMZ). Во рамките на проектот, општината претходно спроведе повеќе активности, а со оваа донација која се дава на Здружението Сојуз за спорт и рекреација на инвалиди Битола во кое членуваат лица со различна попреченост, се овозможува поддршка на лицата со телеснавизуелна попреченост и потешкотии со слух и говор од аспект на обезбедување на услови за поттикнување и зголемување на нивната физичка и спортска активност, преку обезбедување соодветна опрема за тоа.  

salata

Покрај оваа донација, со средства од oпштината од програмата за млади и спорт за 2021 се направи реновирање на Спортската сала (бојадисување, стружење и лакирање на паркетот), со што во оваа сала значително се подобрени условите за лицата со попреченост“, изјави градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски.

Реализацијата на овие проекти, кои се заокружуваат во пресрет на Меѓународниот ден на белиот стап – симбол на слепите лица, e во насока на зајакнување на поддршката која ја обезбедува општината за лицата со попреченост, што пак дополнително е изразено и преку програмата за социјална заштита.

Во реновирањето на просториите сопствени средства вложи и советникот Борче Корлевски, кој подолго време им помага на Здружението на слепи лица од Битола.

„Реконструкцијата ги опфати сите сегемнти од тавамнскиот дел, електриката, подот, ѕидовите и останатите делови кои повеќе од три децении не беа реконструирани“, рече Корлевски.

0

Само во Битола има над илјада лица со попречености кои ќе можат да ја користат реновираната и опремена спортска сала.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани