2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Во американскиот Сенат, слично како во германскиот Бундестаг, предложена е резолуција поврзана со македонскиот народ и наследство. Според републиканскиот сенатор од Индијана Мајк Брон, целта е да прослават слават јазикот, историјата и културата на македонските Американци. Во резолуцијата се вели дека е важно да се истакнат клучните придонеси и културно влијание на македонските Американци во САД, објави Гласот на Америка. Според проценките, денеска во САД живеат околу половина милион граѓани со македонско потекло.

Според Мето Колоски, коосновач и волонтерски претседател на Обединетата македонска дијаспора која ја поднесе иницијативата за резолуцијата, ова е важно за Македонија и македонскиот народ. Во разговор за „Локално“ истакна дека се бара претседателот на САД да го прогласи септември како месец за македонско-американско наследство.

Ова е признание за Македонците во Америка и нивната улога во унапредување на САД во последните 150 години. Слични месеци има за други етнички заедници во САД, и не бараме ништо друго освен поголемо признание на нашата заедница, која се претпоставува дека има над 500.000 Американци со некакво македонско потекло или родум во САД, потенцира Колоски.

Истакнува дека Резолуцијата не е поврзана со уставните измени во Македонија. Колоски ни посочи дека слична резолуција беше прогласана во Мичиген пред три години пред, како што вели, лошиот француски предлог.

Имаше и две предлог-резолуции во Конгресот во минатиот состав. Ставот на ОМД е јасен, доколку Бугарија сака уставни измени во Македонија да се стави некакво бугарско малцинство, нека Бугарија направи уставни измени кај нив и македонското малцинство во Бугарија да го признат како малцинство со сите човекови права. Бугарија треба да си го реши „македонскиот синдром“ што го имаат, дециден е коосновачот на ОМД.

Во однос на резолуцијата за Илинден, поднесена од владеачката партија во македонското Собрание, Колоски вели дека не ја прочитал резолуцијата и не може да ја коментира, но не е спорно церемонијална резолуција во било кое собрание и прославување на празник или годишнина.

120 години од Илинден е голем ден за Македонија и македонскиот народ и треба сите да го почитуваме и да не ги заборавиме жртвите кој ги дадоа своите животи за слободна, независна и суверена Македонија. Вечна им слава и да продолжиме да ја градиме Македонија на прав пат, а не задоволување на апетитите на соседите или некавки туѓи интереси, порача македонскиот граѓанин кој живее во САД.

Пред повеќе од еден месец беше донесена важна резолуција во друга држава, поврзана со нашиот народ и идентитет. Германскиот парламент на 15 јуни донесе резолуција за поддршка на европскиот пат на нашата земја, во кој ја признава македонската култура, идентитет и јазик. Во документот се препорачува германската влада да ја повика Бугарија да го поддржи патот на Македонија кон ЕУ во рамките на постигнатиот компромис и да се воздржи од поставување дополнителни услови. Нашата земја е повикана да ја спроведе договорената промена на Уставот и да ги внесе етничките Бугари во земјава.

Извор Н.П., Локално.мк 

Линк https://lokalno.mk/

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани