×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Членови на Извршниот одбор на Здружението на пензионери од Битола го посетија Домот за стари лица „Сју Рајдер“ и донираа 100 постелнини. Штитениците во домот ги поздрави претседателката на Здружението на пензионери, Даница Петличкова и воедно им посака здравје и долг живот.

„Донацијата ја даваме за нашите пензионери кои од различни причини животот го продолжуваат згружени во Домот ‘Сју Рајдер’ во Битола. Тие се наши пензионери, наши граѓани, наши пријатели кои заслужуваат да имаат мирен, спокоен и сигурен дом“, рече Петличкова.

Заедно со претставниците од Здружението беше и пејачката група „Сирма Војвода“ која на штитениците од Домот им одржа и концерт со народни македонски песни. Задоволни станарите на Домот запеаја и заиграа заедно со посетителите. На крај ги испратија со аплауз и желба пак да ги посетатат.

335757705 742242804102557 1198355715435783053 n

333552825 3411674572377622 357471954196305902 n

335763742 1424628438074342 2311651407448164960 n

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани