ЈКП Водовод Битола, во текот на  денешниот изврши промена на славините на дел  од градските чешми.

Денес  теренски, превентивни посети на граѓани од тимови на ЈКП Водовод за рационално користење на питка вода.

Се известуваат граѓаните кои живеат на улиците од населба Баир, ул. Мукос, ул. Девејани , ул. 8ма и сите кои поради дефект на водоводната мрежа на ден 12.07.2023, кои беа опфатени со овај дефект дека ситуацијата е нормализирана и дека водата е безбедна за пиење.

Во рамките на своите работни обврски, ЈКП„ Водовод“ Битола во својата Лабораторија изврши повеќе пати анализа на водата во водоводната мрежа која беше опфатена.
За потврда на нашите резултати од ЈЗУ Центар за јавно здравје Битола земени се примероци на вода за пиење. Примероците на вода за пиење се земени од места каде што имаше прекин на водоснабдувањето. Врз оснoва на добиените резултати, испитаните примероци на вода за пиење ОДГОВАРААТ на законските и стручни прописи во однос на испитаните параметри за бактериолошка и физичко-хемиска анализа, согласно Правилник за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ 183/2018)
 
ЈКП Водовод 

Известување

Се известуваат сите корисници на услугите на ЈКП “Водовод” - Битола дека поради летниот период како и минатогодишната пракса, сметките за потрошена вода за месец jуни и jули се изготвија и доставија истовремено.
Наша препорака е, сметката за месец jуни да се плати до крај на месец jули додека пак, сметката зa месец jули ќе се израмни со крај на месец aвгуст.
За секоја подетална информација обратете се на контакт броевите:
072 917 100/101/102
Од напред Ви Благодариме за разбирањето.
ЈКП Водовод Битола
10.07.2023

Со цел, подобрување на водоснабдувањето кај корисниците што припаѓаат во висока и средна зона ( на повисоките места од градот), изведена е реконструкција на водоводната мрежа на цевковод ЖЛЦ ф-500. Поради овој зафат, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од : БЛР 1, БЛР 2,  ул.Васко Каранѓелевски и други повисоки места во овој дел од градот.

Прекинот ќе трае до завршување со реконструкцијата, соопштија од ЈКП „Водовод“-Битола. 
Страница 1 од 5

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани