Во рамките на проектот „Полицијата и граѓаните заедно“ на 31.01.2019 во организација на Здружението на пензионери од Битола и Секцијата на жени, а во соработка со СВР Битола, се одржа трибина на тема ,,Внимателна заедница ,безбедна заедница ,,и Безбедно и одговорно во сообраќајот,,.

Се известуваат (старосните, семејните и воените) пензионери членови на Здружението пензионери Битола дека почнувајќи од 21.01.2019г. заклучно со 23.01.2019г. (Понеделник, Вторник и Среда) од 10.00 до 15.00 часот ќе се врши запишување на огревно дрво (даб и бука) во просториите на месните заедници во Битола каде припаѓаат по лична карта и во селата Новаци, Могила, Бистрица, Цапари, Кукуречани, Добрушево и Буково..

 

Здружението на пензионери од Битола донираше чаршафи во Старскиот дом и Хосписот „Сју Рајдер“ во Битола. Собранието на Здружението на пензионери донесе одлука по повод Новогодишните празници да донира одредени средства во хуманитарни цели, посебно на млади со посебни потреби и пензионери. За таа цел денес претседателот Томе Димитровски со претставници од Здружението ги посети двата дома за стари лица и им донираше чаршафи за потребите на штитениците. Химанитарната акција продолжува деновиве со донирање на новогодишни пакетчиња во неколку училишта во Битола.SSS

.

Хорот „Сирма војвода“ кој функционира при Здружението на пензионери од Битола одржа целовечерен концерт во Малата сала на Центарот за култура. Под диригентство на Нико Наумов членовите на пензионерскиот хор изведоа петнаесетина староградски песни. За време на концертот имаше солистички и хорски изведби. Настапот истовремено се снимаше за да биде издадено DVD на „Сирма војвода“.

пеое

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани