2win800x200

Да се формира посебно тело кое итно ќе ги состани  завојуваните страни за случајот Копанки, побара советникот од Поинаку Иван Чулакоски.

„Крајно време е ова да го средиме и да заврши ова со Копанки оти не се трпи. Формирање на посебно тело кое итно ќе се состани на било каков начин каде ќе се повикаат сите завојувани страни за случајот , значи до ПСК Пелистер, советници,  претставници од Општина Битола, угостителски работници од планинскиот дел на Пелистер и сите оние кои се уживатели на планинскиот спорт и живот во Битола. Дали ќе го крстите ад хок тело или комисија најдобро си знаете. Можеме барем за зимава ако не друго да организираме да ја искосиме тревата на патеката,  да се реновира малку од малку една боја да намачкаме на жичарата и едно собиче затоплено  децата што зимава ќе одат на Пелистер да има каде да се стоплат“, рече Чулакоски.

 Претседателот на Советот Валентин Груевски му одговори дека уште во 2018 година ги повикале претставниците од ПСК „Пелистер“ во чија сопственост е Планинарскиот дом да ги продолжат преговорите со Општина Битола за изнаоѓање на меѓусебно прифатливо решение.   

„Морам да потсетам дека Советот на Општина Битола на 20.6.2018 година донесе заклучок за започнување на постапка за изнаоѓање на решение за обнова на Планинарскиот дом Копнаки. Го гласавме сите и во него напишавме дека Советот на Општина Битола заклучува дека треба да се најде начин за обнова на Копанки. Советот на Општина Битола се обврзува дека ќе обезбеди средства во износ од 100 000 евра за обнова на Копанки. Советот на Општина Битола го повикава ПСК Пелистер да продолжи со разговорите со градоначалникот на Битола за градење на заемно прифатливи услови поврзани околу изградбата на Планинарскиот дом Копанки во интерес на општото добро. Општина Битола во овој момент нема законска можност за вложување во Домот зашто стопроцентен сопственк е ПСК Пелистер“, потсети Груевски на заклучокот.

Тој уште додаде дека околу легализација на Домот (постапка спорведена во времето на екс градоначалникот Владимир Талески) се води суски спор, па   се додека тој не заврши и не се произнесе  Управниот суд нема основа за нови заклучоци.

Прооден е патот за Пелистер кој води до ски центарот Копанки. Од  „Македоднија пат“  за апла.мк информираат дека патот е целосно исчистен и дека битолчани можат непречено да стигнат до Копанки. Мал застој имало утрово кога на возилото на „Македонија пат“ му пукнала гумата. По промената екипите продолжиле со чистење.

Градоначалничка Наташа Петровска, денеска соопшти дека Општина Битола поднела кривична пријава против поранешниот градоначалник Влдимир Талески, за злоупотреба на службената положба. Петровска рече дека кривичната пријава се однесува за донесување на првано неиздржан акт при легализацијата на планинарскиот дом “Копанки“

Советниците во минатото не гласале за приватизација на Копанки затоа што Советот нема таква надлежност, рече Валентин Груевски, актуелен претседател на општинскиот Совет.

ВМРО-ДПМНЕ денеска ја обвини локалната власт и СДСМ дека во опозиција и во предизборната кампања ветувале обнова на планиарскиот дом „Копанки“, но не преку одземање на неговата сопственост од ПСК „Пелистер“.

-Сите одлуки донесени во минатите состави на Советот на Општина Битола кои беа неопходни во процесот на легализација и утврдување на сопственост на планинарскиот дом „Копанки“ се донесени со конзензус од страна на сите членови на Советот. Во тие состави членови биле градоначалникот Петровска, координаторот на советничката група на СДСМ Илиевски, претседателот на Совет Груевски, и претседателот на СДСМ во Битола Златко Ќурчиевски. Од нив истите додека беа во опозиција и во текот на предизборната кампања постојано слушавме дека се залагаат за решавање на проблемот преку директна финансиска поддршка од страна на Општина Битола за во рамки на постојната ситуација, а не преку одземање на правото на сопственост на ПСК „Пелистер“ врз планинарскиот дом Копанки, рече Иванчо Тошевски од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес конференција.

Тој  рече дека членовите на ПСК „Пелистер“ не се членови на политички партии, туку планинари и побара одговори на прашања за кои како што рече битолчани го знаат одговорот.

- Дали и зошто цело време наназад како власт ја обструирате реконструкцијата на "Копанки" од страна на ПСК Пелистер? Дали позади ова решение стои нова афера со уцени од типот на Коки и Кики само сега режирана од Ваш коалиционен партнер? Дали крајната цел е приграбување на "Копанки" од страна на лице кое е близок роднина на висок функционер од актуелната власт, праша Тошевски.

На прашање  зошто планинарскиот дом не беше реконструиран по неговото опожарување во 2013 година и легализацијата на објектот во 2015 година иако за тоа имаше  ветувања, Тошевски рече „зборуваме за правни процедури кои во минатото требало да се испочитуваат“.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани