АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
„Дали Битола, нема квалитетни луѓе, па моравте да го донесете бившиот секретар на Општина Ресен да биде раководител на сектор урбанизам? Откако Ресен го направи Холивуд, зарем сега очекувате Битола да ја направи како Холивуд? Зарем толку ја сакате и почитувате Битола?“ Вакво советничко прашање упати советникот Зоран Ѓорѓиев од НСДП до градоначалникот Тони Коњановски.
Градоначалникот договори дека тој не би ги делел луѓето од кое место доаѓаат, а би се задржал на стручноста и професионалноста.
„Се работи за човек со големо искуство во струката, осум години како раководител во сектор за урбанизам, која согласно законските можности кои ги дава Законот за административни службеници преку принцип на мобилност, преземање, стана дел од вработените на Општина Битола. Тоа ќе ја подобри целата организација во работењето, посебно во урбанизмот, ќе внесе нов квалитет“, рече Коњановски.