2win800x200

82 годишниот битолски искусен планинар, фотограф, новинар и публицист Петар Ставрев по 31 пат со шише шампањ се искачи на вториот ден од Новата година на врвот Антена на Пелистер за на вработените во пунктот на МТВ да им ги честита празниците. Во планинарскиот поход за освојување по кој знае кој пат на врвот Пелистер на 2601 метар надморсака височина го придружуваше и син му Сашо Стврев, исто така истакнат фотограф и голем вљубеник во планината.

ТАТКОТО И СИНОТ

Двајцата велат дека за разлика од Битола која се гуши во магла, на Пелистер пука сонце и патот го минале без никаков проблем.

Ставрев „повлече нога“ за Нова година планинари да се искачуваат на Анетана пред три децении трагајќи по интересна новинарска тема.

„Следејќи ги дневните и неделните весници во земјава и пошироко на југословенските простори, размислував дали можам да подготвам некои написи за да се најдам во весниците во неделните броеви што беа ревијални. Дознав дека на Пелистер на 2.601 метар, на највисоката точка, се наоѓаат неколку луѓе, вработени, кои мора да дежураат и да работат иако е Нова година. Направив обид да се искачам. За да не одам празен, реков да им ја честитам Нова година со шампањско и добри желби“, вели Ставрев.

ПЛАНИНАРИ И ВРАБОТЕНИ НА ПУНКТОТ

На пунктот на МТВ работат лица кои се грижат ТВ-сигналот да тече непречено и гледачите да имаат програма. Ставрев пријатно ги изненадува секоја година. Се искачувал и по снегови доколку ратракот имал поминато до пунктот за да направи пат, по силни ветришта и други временски неприлики. Вели дека ова е традиција, но најважно е да не се отценува планината, па планинарите безбедно да се искачат горе, а и потоа да се вратат дома.

ПЕТАР НА СРЕДИНА САШО ОПД ЛЕВО

Фестивалската атмосфера во Битола беше зачинета со филмска музика од богатата фонотека на битолските фотографи Петар и Сашо Ставреви. Пред Магазата денес се пушташе музика од колекционерските винили и цд-а кои таткото и синот ги собираат со децении.

„Во нашата дискотека лонплејки има околу 15 000, едно десетина илјади цедиња. Имаме плочи кои се ретки изданија кои сум ги набавувал во странство. Станува збор за богат фонд кој уште не го завршуваме. Го започнавме некаде во 1958 година и териме натаму. Сега има нови изданија, обновена е грамофонската индустрија, нови винили далеку поквалитетни, но и далеку поискапи отколку некогаш“, рече Петар Стврев.

Сите се квалитетни бидејќи се одржувани, квалитетни се, не се истрошени и се уште се во употреба.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани