2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Проверка на факти: Ковид19

Рецензираме пост на Фејсбук во којшто е изнесен сатиричен коментар, но поради природата на антивакциналните наративи и кампањата за девалвација на вакцинацијата, можно е некои граѓани да го сфатaт овој пост како вистинит. Од оваа причина и образложуваме дека станува збор за сатиричен пост.

Тоа е една од целите на проверката на факти на Фејсбук – да ги образложи и оние постови за кои не е веднаш јасно дека се сатирични и за кои се смета дека во себе содржат капацитет да бидат буквално сфатени од некои корисници. А, дека тоа е можно се забележува и од коментарите, при што во некои од нив се забележува збунетост, нејаснотија дали станува збор за вистинит пост или за нешто друго, па и буквално разбирање на сатиричната содржина како вистинита, што, се разбира, во конкретниов случај, не е точно.

Згрутчувањето на крвта е многу ретко, во многу мал број случаи, така што дури и кога тие би се лекувале со лекови од „Фајзер“, повторно би станувало збор за многу мал број случаи и последично на тоа многу мал број лекови. Така што „Фајзер“ не би можел да се збогати од тоа и парите што би ги заработила компанијата од продажбата на тие лекови би биле минорен процент од вкупните приходи

Рецензираме пост на Фејсбук во кој се тврди дека додека граѓаните ги трујат со вакцини, a фармацевтските компании печалат од тоа.

Бројот на вакцинирани лица против ковид-19 над 18-годишна возраст нa Југоистокот е далеку поголем од објавените податоци од страна на Институтот за јавно здравје. Вака реагираат менаџерите на дел од здравствените домови одговорни за целиот процес. Спроед нив, во статистичките податоци не се евидентирани по место на живеење лицата кои се вакцинираа во Скопје, Штип, или, пак, во соседна Србија и Бугарија, туку податоците се базирани на бројката на вакцинирани во Струмица, Радовиш, Валандово и Гевгелија

Со гледање на пошироката слика и земајќи го предвид контекстот на презентираните бројки, никако не може да се изведе заклучок дека вакцините се виновни за бројот на заболени или починати. И покрај тоа што е можно вакцинирано лице да се зарази со коронавирусот, сепак, вакцината штити од тежок тек на болеста и во висок процент спречува развивање на тешка клиничка слика, хоспитализации и смртен исход. Оттука, не само што вакцината не е виновна за зголемениот број на починати, туку таа спасува животи

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани