2win800x200

Одлични вести од Ски центарот Копанки на Пелистер! Поради новите врнежи од снег цела недела ќе има скијање на двете стази, информираат од ЕСМ Молика  
-Снегот конечно убаво заврна, условите се одлични, а ние сме подготвени за вистинско зимско уживање .
Ве очекуваат прекрасна природа, одлична атмосфера и многу скијачки моменти за паметење 
Ајде на Копанки – да ја искористиме зимата како што треба!
Се гледаме на стазите!, попрачуваат од ЕСМ Молика 

Двата ски центри на Пелистер, Стрежево и Копанки соопштија дека  денеска, на задоволство на љубителите на белиот спорт, ги подготвија стазите за скијање. Снег има доволно и направени се последните подготовки.

-Во недела  (21.01.2024), Ски Центарот Копанки, ќе биде пуштен во функција.Сите љубители на скијањето, Ве очекуваме!Се гледаме на ски стазата, соопштија од Хотел Молика.

 

 И од ски центарот Стрежево кај Ниже поле информираат дека се е подготвено за скијање.
 
-Се прават последните подготовки пред стартот. Ноќеска имаме и нов снег, спремни за старт. Ќе се скија од 09.00 до 15.00 часот. Патот е чист благодарение на ,,Македонија пат" и нашата механизација.Ве очекуваме да скијаме, соопштија од ски центарот Стрежево

Стартот на ски сезоната на Копанки мина успешно  и покрај лошите временски услови, информираат од хотелот Молика

Страница 1 од 9

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани