АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
На овој линк се податоците кои битолчани добија субвенции за велосипед од Општина Битола. https://www.bitola.gov.mk/
Повеќе од 300 граѓани на општина Битола аплицирале за добивање субвенции за купување на велосипед.
Општина Битола, објави јавен повик со цел да ги стимулира граѓаните за користење на превозни средства кои минимално ги загадуваат воздухот и почвата и не влијаат врз климатските промени, ќе им обезбеди поврат на дел од потрошените средствата, за велосипеди купени од денот на објавување на јавениот повик, (28 јули). Средствата што ги надоместува општина Битола се во вредност од 50% од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 5.000 (пет илјади) денари.
Најдолгата пешачка зона, Широк Сокак, има сѐ помалку место за пешаци. Иако на секоја делница од главната битолска улица, поставен е сообраќаен знак за забрана за возила, запрежни коли, велоспеди и мотори, сепак се почесто може да се забележи дека не се почитува сигнализацијата, со што во опасност се пешаците, а најмногу децата.
Уште еднаш црвен аларм за односот на одредени возачи кон велосипедистите во Битола влчучи синоќешната сообраќајна несреќа во која беше повреден велосипедист од градот. Несреќата се случила на крстосницата од улиците „Партизанска“ и „Студентска “ кога возило не почитувајќи го правилото за првенство на минување, му го пресекло патот на велосипедист. Од ударот лицето кое управувало со велосипедот било фрлено неколку метри настрана, па со главата удрило и во друго возило. По ова, велосипедистот завршил болница со потрес на мозокот и набиеници.
Битолчани не покажаа голем интерес да ја искористат мерката за субвенционирање на велосипеди, средства издвоени од општинскиот Буџет. Иако често на социјалните мрежи многумина бурно реагираат за аерозагадувањето кое , меѓу другото, доаѓа и од густиот сообраќај, 40 проценти од парите останаа неискористени, а останатите ќе бидат пренасочени за субвенционирање на печки на пелети.