2win800x200

СВР Битола информира за сообраќајна незгода меѓу четири автомобили. Едно лице е тешко повредено. На 31.01.2026 во 11:10 часот во ОВР Прилеп е пријавено дека на патот Прилеп- Битола во близина на с.Галичани, прилепско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сеат“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Ј.Ј.(31) од Битола, патничко возило „опел“ со битолски регистарски ознаки, управувано од С.Т.(38) од с.Горно Оризари, битолско, патничко возило „рено“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Л.М.(18) од с.Крклино, битолско и патничко возило „фиат“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Д.И.(40) од Прилеп. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Ј.Ј., констатирани во Градската општа болница Прилеп. Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Прилеп.    

 

Во 14.57 часот на излезот на Битола према Демир Хисар, кај надвозникот случена е сообраќајна несреќа помеѓу комбе со битолски регистарски ознаки управувано од А.С.(25) од с.Вирово, демирхисарско кое пренесувало 18 работници од битолска фабрика и патничко возило „пежо" со битолски регистарски ознаки управувано од К.Ј.(36) од Битола. Во несреќата на лице место починал совозачот на патничкото возило К.К.(42) од Битола.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Страница 1 од 2

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани