
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалиционите партнери поднесоа иницијатива за свикување на вонредна седница на Советот на Општина Битола за утре со почеток во 9 часот.
„Со следниот дневен ред: барање до Владата на РМ да прогласи вонредна состојба на територијата на општина Битола. Итни мерки за справување со временските неприлики на територијата на Општина Битола, и тоа барање за активирање на Дирекцијата за заштита и спасување за справување со временските неприлики, со активирање на дополнителна механизација, барање за вклучување на волонтерската служба на Црвен крст со цел обезбедување на потребните намирници и лекови на граѓаните од отсечените делови од градот“, рече советничката Елена Трајчевска од ВМРО-ДПМНЕ.
На седницата бараат донесување одлука за координирана акција на сите јавни претпријатија, сообраќајната инспекција и СВР Битола во целосно чистење на паркинзите, коловозите, пешачките патеки и обезбедување пристап до сите институции.
Како причини за оправданоста за ваквата вонредна седница ги наведуваат експремно ниските температури, големите врнежи снег, зголемениот број повреди, а како што изјави Трајчевска, деновиве снежното невреме ја однесе и правата жртва во сообраќајна несреќа во Битолско.
Делегација на ВМРО-ДПМНЕ предводена од претседателот Христијан Мицковски, потпретседателот на партијата Владо Мисајловски и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во Битола, Иванчо Тошевски денеска во Битола на француските гробишта присуствуваат на чествувањето на стогодишнината од крајот на Првата светска војна.
По повод Денот на примирјето од Првата светска војна ("Commémoration du 11 novembre 1918") и Денот на народна жалост („Volkstrauertag“), амбасадите на Република Франција и на Сојузна Република Германија заедно го одбележуваат споменот за сите мртви, ранети, изчезнати и раселени лица, за жртвите на насилство и ранети лица од сите војни и сите народи. Комеморациите денеска се одржуваат на француските воени гробишта во Битола и на германските воени гробишта во Битола.
За тотален хаос и безидејност во образованието, денес на прес конференција обвини Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Битола.
„Втора учебна година започнува под раководство на оваа Влада и втора година на неисполнети обврски, тотален хаос и безидејност. Иако и локалната и централната власт имаа доволно време да се екипираат и да ги обезбедат потребните учебници, сеуште нема учебници целосно. За шесто одделение, две години се чекаат нови учебници, а децата сеуште користат прастари учебници од 2009, 2010 и 2011 година. За останатите одделенија нема нови учебници по оние предмети по кои минатата учебна година МОН ги повлече од употреба, но не знаеме колку години ќе им се потребни за да ги заменат со нови“, обвини Марина Стефановска Јовчева член на ОК ВМРО ДПМНЕ Битола.
Членови на ВМРО-ДПМНЕ во Битола, вечерва во седиштето на партијата прославија 28 години Општински комитет Битола.
-Никогаш не е доста и никогаш не е доволно кога човек сака искрено и од срце да го даде својот максимум за својот народ, за својот град и за својата татковина. Ние секогаш сме подготвени да се вложиме повеќе и да направиме се што е потребно за една поубава иднина, напиша на својот фејсбук профил претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во Битола, Иванчо Тошевски.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во Битола пишува „во оваа прилика сакам да се потсетиме на сите оние кои во тоа време пред точно 28 години тука во Битола, во Центарот за култура имаа храброст да ја воскреснат идејата за ВМРО во политичка партија која веќе две децении наназад важи за најголемата и најдобро организирана политичка партија во Република Македонија“.
Тошевски уште додава дека ВМРО-ДПМНЕ има идеологија, и цврста верба да ги отстрани грешките од минатото.