Зоран Лазаровски- Паљо ја објави листата на кандидати за советници и како носител најавува дека тој и неговите советници ќе се залагаат за Битола да биде достоинствен град за живеење и пред се чист и зелен град. Граѓанската независна советничка листа „ЗА БИТОЛА“ на Лазаровски ќе биде најдобрата опција за битолчани вели Паљото за „Апла“. 

c2e2f940 109d 4e62 adc3 ae6cabc5e99c

Зоран Лазаровски-Паљо

 

 

На второ место на листата е Борко Бакревски, битолчани го познават по брендот „Бак пиво“, фамилијарен човек, успешен стопанственик и како што вели Паљото -„Бакревски е голем локал патриот. 

втор Бакревски

Борко Бакревски

 

 

Третата позиција е за Лилјана Поповска вработена во фабриката „Кромберг и Шуберт“ како шеф на смена, хуманист, а Паљото вели дека секој што ќе побара помош од Лилаја таа е таму да помогне.  

Трета Лилајан а

Лилјана Поповска

 

 

Зад Зоран Лазаровски - Паљо застана и Јован Велковски, менаџер во кафе слаткарница „ГТ“ во Битола.  Паљото за него вели дека е „градско чоече секогаш присутно во јавниот живот и Широк Сокак“.  Велковски е  еснаф кој ја напуштил работата во јавно претпријатие во Битола и се посветил на приватниот сектор.  

Јован

Јован Велковски

 

 

На петто место е младиот Стефан Солаковски, информатичар - успешен програмер, вработен во странска компанија.  Паљото вели дека Стефан е гласот на младите битолчани, полн со живот и љубов кон Битола. Еден од малдите што сакаат да живеет во Битола и да останат во државата“.  

Стефан

Стефан Солаковски

 

 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани