2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Во текот на вчерашниот ден од страна на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) во повеќе градови во државaта се извршени вкупно 36 надзори и 488 контроли во угостителски објекти согласно Законот за угостителска дејност, Законот за заштита од пушењето и здравствените протоколи (дозволено растојание, распоред и број на маси, итн) за отворање и работа на угостителски објекти.

При тоа, во дел од угостителските објекти се утврдени неправилности во делот на непочитување на здравствените протоколи, непочитување на работното време и прекршување на Законот за заштита од пушењето, поради што ДПИ ќе поднесе:

  • 12 кривични пријави за непочитување на здравствените протоколи во угостителски објекти во Скопје, Охрид, Битола и Кичево.
  • 2 прекршочни постапки за затекнати нерегистрирани објекти во Скопје и Тетово
  • 1 прекршочна постапка за непочитување на работно време во објект во Кичево.
  • 1 прекршочна постапка за прекршок по Законот за заштита од пушењето во објект во Скопје.
  • 1 непостапување по издадено rешение за привремена забрана за вршење дејност од страна на објект во Битола, за што ќе следи физичко запечатување на истиот со пломба.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани