Webp.net gifmaker

Српската поп ѕвезда, Јелена Томашевиќ, пред вечерашниот концерт на фестивалот „Музика од светот“ во Битола, прошета по Широк Сокак и се пофали со фотографија на инстаграм под која напиша : „Ако одам во Битола ќе прошетам по Широк Сокак“, стих од една од најпопуларните песни за Битола чиј автор е Петар Георгиев Калица.

Фотографија од стариот иконостас во соборниот храм „Св. Никола“ во Крушево кој изгорел во 1903 година за време на Илинденското востание, беше објавена денес на фејсбук профилот Крушево.

-Ова е најголемото достигнување на протомајсторот Петре Филиповски Гарката и неговиот зет Димитар Станишев. Но, за жал Гарката на крајот на изработката ослепел, запиша под фотографијата познатиот битолски копаничар Злате Крстевски.

Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион набави две нови возила за собирање на комунален отпад за општините Демир Хисар и Крушево. Проектот се реалзира во рамките на Програмата за рамномерен регионален развој за 2018 година на Министерството за локална самоуправа преку Бирото за регионален развој

Овој петок во Спомен куќата „Тодор Проески“ се одржува Есенски џез караван со почеток во 16 часот на кој ќе настапат „Белучи Квартет“, „Иван Иванов Квинтет“ и „Кабадајас“.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2020 АПЛА.мк. Сите права се задржани