2win800x200

Дрвјата кај поранешната Ветеринарна станица жртва на самоволието на Општината, реагира СДСМ Битола

Јуни 05, 2023
Секој поминат ден со ВМРО- ДПМНЕ на власт и Коњановски како градоначалник, е на штета на Битола и битолчани. Денес жртва на самоволието на Општината се дрвјата кај поранешната
ветеринарна станица. Коњановски, со полициска асистенција и заштита сечи дрвја! Од што се плашат градоначалникот и ДПМНЕ, од своите сограѓани? Ако се толку убедени дека ја прават вистинската работа, зошто масакрот на зеленилото го прават во раните утрински часови, со заштита на полициски службеници?
 
Коњановски и ДПМНЕ се одлепени од реалноста во која се наоѓа Битола. Градот тони во долгови, а тие наместо да се зафатат со решавање на проблемите, на секој чекор демонстрираат сила и насилие. Рушат гаражи, рушат трафики, сечат дрвја и око не им трепнува за Битола и битолчани. Ова безумие што го практикува Коњановски не било ни во времето на Владимир Талески. Сите негови нереализирани проекти, сега ги реализира Коњановски, со една рака негови слепи послушници. Кога и да ја добие довербата од битолчани, ДПМНЕ им враќа на граѓаните со грабеж, насилство, самоволие и хаос, пишува во соопштението на СДСМ Битола. 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани