2win800x200

Реакција на група пензионери за висината на пензиите, цената на огревното дрво и автобускиот превоз

Јуни 08, 2023

Група пензионери предводени од Стево Бојаџиев, Антонио Димитровски, Пеце Гаштаров и други битолчани одржаа прес конференција упатувајќи прашања до Сојузот и Здружението на пензионери во врска со висината на пензиите, цената на огревното дрво и автобускиот превоз.

До Сојузот на здруженијата на пензионери упатија прашање дали зголемувањето на пензиите воопшто го имаат поставено на дневен ред во последните години?

„Пензиите заостануваат во однос на зголемувањето на платите и животните трошоци. Зголемувањето, односно усогласувањето на пензиите согласно закон, во последните години е занемарливо и просечниот раст за последните 4,5 години изнесува околу 2,8 проценти, што е минорно. Секоја година животниот стандард на пензионерите опаѓа, а особено инфлацијата во последните три години покажува висок раст кај основните прехрамбени продукти, струјата, транспортот и друго , па пензионерите со ниска просечна пезнија не можат да ги покријат животните трошоци“, рече Бојаџиев.

Групата пензионери упати прашање до битолското Здужение зошто е зголемена цената на огревното дрво од 3100 денари во 2022 година на 4800 денари годинава. Рекоа дека набавката на огревно дрво преку одредени приватни субјекти е понисока во однос на цената која ја нуди здружението. „Прашуваме каде се трошат тие пари“, рече Бојаџиев.

„Пред пандемијата пензионерите се возеа со градскиот и приградскиот превоз со автобуси по 50 проценти пониска цена од редовната, а здружението на пензионери дотираше одредена сум на пари за превозниците. Прашуваме зошто таа услуга е укината и зошто повторно не се воспостави кога се знае дека Здружението на пензионери од Битола располага со доволно финансиски средства“, беше истакнати од групата пензионери.

349021274 684684426720691 4374667505117045994 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани