2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Зелена агенда на Западен Балкан: Северна Македонија уште ќе чека на Законот за климатска акција

Август 10, 2023

Во согласност со амбицијата на ЕУ да стане климатски неутрална до 2050 година, Западен Балкан исто така се обврза да постигне јаглеродна неутралност до 2050 година и да се усогласи со клучните елементи на Европскиот зелен договор со одобрување на Зелената агенда за Западен Балкан (GAWB) на Самитот во Софија во 2020 година, а потоа и Акциониот план GAWB, на Самитот во Брдо во октомври 2021 година.

Регионалниот совет за соработка го координираше процесот на изготвување на Декларацијата и Акциониот план за Зелената агенда на Западен Балкан, врз основа на интензивни консултации со сите засегнати страни, за да се идентификуваат конкретни чекори, организации и структури за поддршка и индикативна временска рамка за секоја мерка што треба да се спроведе.

Главната цел е да се постигне јаглеродна неутралност до 2050 година и да се усогласи со клучните елементи на Европскиот зелен договор. Целите се чистење на изворите на енергија и заштита на климата, премин кон циркуларна економија, борба против загадувањето на воздухот, водата и почвата, градење одржливи системи за земјоделство и храна и заштита на биодиверзитетот и екосистемите.

Акцискиот план на GAWB предвидува 58 акции и 7 патокази за имплементација кои се фокусирани на: климатска политика, одржлива енергија, одржлива мобилност, циркуларна економија, борба против загадувањето, одржливо земјоделство и снабдување со храна и заштита на природата и биодиверзитетот. Меѓу другото, Планот предвидува усвојување на целите на енергетската и климатската политика до 2030 година, кои вклучуваат цени на јаглеродот, планови за постепено укинување на јагленот, контрола на загадувањето, заштита на природата и биолошката разновидност, регионална интеграција и индикативна временска рамка за усогласување со Систем за тргување со емисии на ЕУ од 2024 година.

Северна Македонија е дел од Зелената агенда за Западен Балкан, а зелените политики во измината година ги води во правец на обновливи извори на енергија (фотоволтаици, ветерници), инвестирање во зелени бизниси и подготовка на Закон за климатска акција.  Нацрт-предлог Законот за климатска акција е во постапка, а во него ќе бидат уредени воспоставувањето на рамка за климатска акција за намалување на емисиите на стакленички гасови во атмосферата и отстранување по пат на природни и други апсорбенти, како и адаптација кон климатските промени. Министерството за животна средина и просторно планирање за неговата достапност извести на 31 јули 2023.

Законот за климатска акција своите почетоци ги има од 2019 година, а пред пратениците во Собранието требаше да се најде во 2021 година. Една од причините беше и усогласувањето и адаптирањето на решенијата на национално ниво со новата ЕУ регулатива во 2022 година. Усвојување на законот редовно бара и Европската Комисија преку своите Извештаи за реформскиот напредок на земјава.

„Во септември 2021 година беа донесени Долгорочната стратегија за климатска акција и нејзиниот акциски план. Неколку документи беа изготвени како алатки за поддршка за спроведувањето на ревидиран Национален  придонес за климатски промени. Продолжи работата за ажурирање на инвентарот на стакленички гасови, како и активностите за развивање платформа за следење, известување и верификација. На 31 мај беше донесен Националниот план за енергија и клима. Останува да се донесе Законот за климатска акција. И покрај преземените заложби капацитетот во однос на човечки и на финансиски ресурси останува слаб“, се вели во последниот извештај на ЕУ за Северна Македонија за 2022 година.

Б. Ј. 

Извор: greencivil.mk

Линк https://greencivil.mk/

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани