Во 2023 година преку тематиката – јавните простори во движење – АКТО презентира неколку практики што замислуваат ослободен простор, дури и привремено, за оспорување на постојните наративи преку соработка кон кревање на гласот со игнорираните, запоставените, замолчените, незапаметените, испуштените, маргинализираните во рамките на постојната хегемонија
Од организација на Акто велат: „АКТО 18 или „Јавни простори во движење кон“ веќе се отвори со изложбата „Прекаријатот има шанса“ во Галеријата „Структура“ во Софија, која направи пресек на некои од најактуелните уметници во земјава, претставувајќи 18 дела од 20 уметници. Потоа, во текот на годината ќе прослави повеќе проекти што имаат свои тековни активности во неколку години и кои застапуваат своевидни интервентни модели во функционирачкиот систем“.
Како еден вовед пред официјалната програма, тие потенцираат дека АКТО 18 ќе го прослави заедно со наградата ДЕНЕС. Нејзиното 20-годишно постоење, ќе ја отвори Лабораторијата за просторно-изведувачки интердисциплинарни практики – Градот како сцена и ќе ја продолжи соработката со организацијата „Фрлачи на сенки“ од Загреб.