2win800x200

Со кредит од германската KfW Банка ќе се гради фотоволтаична централа во Битола

Февруари 11, 2025
Под покровителство на премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе се потпишат сепаратните договори меѓу АД ЕСМ и Банкарска група KfW – германска јавна финансиска институција за поддршка на претприемништвото и на малите и средните претпријатија.
 
АД ЕСМ со поволен кредит од германска развојна KfW Банка, почнува нов циклус инвестициски проекти во обновливи извори на енергија. 
 
Станува збор за изградба на фотоволтаичната електроцентрала „Битола 2“ и реализацијата на втората фаза од изградбата на ветерниот парк „Богданци“. 
 
Средствата за овие два значајни проекти во износ од 55.000.000 евра се обезбедени преку заем со државна гаранција потпишана од Министерството за финансии по исклучително поволни услови, со рок на отплата од 15 години и вклучен грејс период од 5 години. 
 
По потпишувањето, прес-конференција за медиуми ќе одржат премиерот Мицкоски и Мориц Реме, регионален директор на канцеларијата на германската КфВ банка за Скопје и за Приштина.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани