2win800x200

Eксперти, претприемачите, ентузијастите нудат решенија за климатските предизвици

Февруари 14, 2025
На Факултетот за комуникациски и информациски технологии при Универзитетот „Св. Климент Одридски“ во Битола, денес започна дводневниот настан Климатон Битола, на кој што младите, експертите, претприемачите и ентузијастите, ќе понудат решенија за актуелните климатски предизвици.
Во своето обраќање пред присутните, секретарот на општина Битола Борче Димитровски ја посочи важноста од одржувањето на ваков настан во Битола, особено поради тоа што иновативните идејни решенија се понудени од младите и нивните визии за почиста и поубава Битола.
„Општина Битола е високо на мапата на развојот и поддршката на зелената транзиција на Балканот. Во изминатите 3 години реализиравме голем број проекти, со кои што придонесовме за заштита на животната средина и енергетската ефикасност, како и примената на обновливите извори на енергија. Накратко би споменал само неколку од нив: проектот „Сончеви училишта“ со средства од Фондацијата Отворено општество Македонија, со кој беа поставени фотоволтаици на 6 основни училишта во градот, а со средства од МОН фотоволтаици добија и три средни училишта. Преку проектот ЕУ за чист воздух, беа засадени 1500 садници, а ќе се менуваат и грејните тела во одредени училишта и градинки, кои не се опфатени со проектот Топлификација. Училиштето Стив Наумов ќе добие нова енергетска фасада, со која што не само што ќе ја зголемиме енергетската ефиласност, туку и ќе го намалиме јаглеродните емисии. Ова е само мал дел од веќе реализираните проекти. Затоа сметам дека Битола може и треба да биде предводник во напорите за подобра животна средина и зелена економија. Верувам дека Климатон Битола, во овие два дена, ќе донесе нови проекти и идеи, кои ќе дадат свој придонес за поодржлива и поздрава иднина за сите нас и дека наградниот фонд ќе отиде во вистински раце“, истакна Димитровски.
На настанот се обрати и ректорот на УКЛО Игор Неделковски и претставници на Фондацијата отворено општество. Над 50 студенти од Универзитетот „Св. Климент Охридски“ и ученици од средните училишта во битолскиот регион, поддржани од Општина Битола се натпреваруваат на Климатон Битола, а наградниот фонд изнесува 6.000 американски долари.
Организатори на настанот се Фондацијата отворено општество – Западен Балкан, Фондацијтаа СИД ХАБ Скопје, како и домаќинот, Факултетотот за комуникациски и информациски технологии при Универзитетот „Св.Климент Охридски“ од Битола.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани