2win800x200

Мери Арсовска, сменски аналитичар во РЕК Битола - вешт поет

Март 24, 2025

Тринаесет години на позиција сменски аналитичар  во Хемиско Технолошката служба при Подружница РЕК Битола, работи Мери Арсовска која несебично вешто ракува со пипетите исто како и со пенкалото.Четири самостојни книги од кои една проза и три поезија стојат зад неа, но и голем број колективни записи во бројни изданија, дипломи, благодарници и награди. Далечната 84 е годината кога Арсовска е забалежана од крушевскиот професор по македонски јазик за надареноста, мислата да ја преточи во четиво за секоја душа, „лирско душиче“ е називот кој го добива, зошто нејзините дела се толку вешто креирани, секојдневни, поучни, реални и вистинити што нема некој кој не би се пронашол. Главен мотив за пишување и е љубовта, вербата во Севишниот, но и тагата. Арсовска вели малубројни се делата кои произлегуваат од радоста, но тагата и болката како да се неисцрпен извор на инспирација, зошто многу се чести во животите на луѓето.

photo 2025 03 20 07 33 37

Преку литературниот клуб „ Висарион“ се трасира патот низ празните листови хартија кои се испишуваат и денес, подоцна и литературниот клуб „Изгрев“ ја покажува желбата за Арсовска да ја има како свој еминентен член, за денес Мери да е главен двигател на бројни поетски и литературни читања, натпревари, книжевни промоции. Еден е од основачите на „Манастирско поетско ехо - Суводол Богородица“ настан кој се случува секоја година на 28 август, денот посветен на Голема Богородица. Член е на фондацијата Такец, главен организатор за настаните поврзани со поезија за Мајка Тереза. Во соработка со Вера Самарјанин, Аровска преку тираж од 1000 примероци, со превод на англиски и италијански јазик, го шири македонскиот пишан збор низ светот, вели со самофинасирање ги издавам книгите , никогаш не ги продавам зошто ова мое хоби ја пополнува секој моја празнина и не сакам тоа да се извалка со пари, го правам зошто ме исполнува, а го издавам зошто моето опкружвање смета дека не треба да сум себична и да го чувам само за себе туку да го споделам со светот. „Средба со минатото“, „Ја си ти“,„Кога плаче душата“, „Разголена душа“,се самостојните наслови и таа не застанува тука, пишува секојдневно и се подготвува за уште едно издание заокружување на циклус со тематика „душа“, дури и насловот го знае „Трепери душата“ е следната поезија која ја подготвува.

photo 2025 03 19 08 12 58

Ќе рече :„Многупати се случува додека сум на работа да проструи напливот на мисла кој морам да го ставам на хартија и колегите толку ме познаваат што веднаш се стишуваат да не ми побегне мислата, и со нетпение го чекаат производот, вчудоневидени и со гласно задоволство од она што во тој миг сум го напишала.“ Подружница РЕК Битола, не само што е рудник за јаглен, туку е и непресушен извор на скриени таленти од разни области со кои се занимаваат како хоби додека ги играат улогите на главни чинители во комбинатот.

 photo 2025 03 19 08 13 26

П.Р текст

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани