ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО ЈАВНОСТА
Почитувани граѓани,
БВ Инженеринг ДООЕЛ, како изведувач на санационите работи на ул. „Бурса“, ве информира за следното:
Завршенa е санацијата на коловозот со вградување на висококвалитетен асфалт СМА 16 ПМБ – асфалт кој се користи за високо оптоварени коловози и автопати, чија технологија на изведба бара минимум 24-часовна заштита од оптоварување на коловозот, за да се постигне предвидениот степен на трајност и носивост.
За таа цел на терен беа поставени индустриски вреќи со тежина од 1т со песок и висока метална ограда за привремено затворање на коловозот.
За жал, и покрај известувањето за времен режим и поставувањето на заштитни бариери од проток на возила, во текот на ноќта извршено е вандализирање на поставената заштита.
Преземени се следниве мерки:
Веднаш по констатирањето на состојбата, со писмено известување за настанот известени се Општина Битола, надзорот на проектот и СВР Битола
Изведувачот повторно ја воспостави заштитната ограда и постави дополнителни предупредувачки ознаки.
Апел до граѓаните :
Со заедничко почитување на мерките придонесуваме за трајноста на инвестицијата и безбедноста на сите учесници во сообраќајот. Ја цениме Вашата поддршка и разбирање. За сите идни чекори и можни промени во режимот на сообраќај навремено ќе бидете информирани.
Со почит,
БВ Инженеринг ДООЕЛ Преземено од Бабам Битола