2win800x200

Вера Бешлиевска - „Стрежево” Битола доби концесија за риболовно подрачје „Стрежево” за период од 12 години

Мај 28, 2025
Вера Бешлиевска Вера Бешлиевска
Интегрална изјава на директорката на ЈП „Стрежево“, Вера Бешлиевска
 
Ја известуваме јавноста дека Јавното претпријатие “Стрежево” - Битола склучи Договор со Владата односно со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за користење на рибите и другите водни организми за риболовно подрачје “Стрежево” за период од 12 години.
За разлика од претходно, се зголемува времетраењето од шест на дванаесет години и се однесува не само на рекреативната зона “Акумулација Стрежево”, туку и на целото сливно подрачје од грчка граница до заштитната зона на самата акумулација.
Според Новата риболовна основа има промени во однос на порибителниот материјал, како и количините и видовите со кои ќе се порибува.
Со оглед на тоа дека сега е на дванаесет години се овозможува стабилно планирање на активности, долгорочно инвестициско одржување и поадекватна реализација на преземените права и обврски по Договорот.
Концесијата е особено значајна заради:
-Правилно управување, користење и заштита на водите и рибниот фонд;
-заштита на биoлошката разновидност (биодиверзитетот);
-поттикнување и развој на рекреативниот и спортски риболов; и
-заштитата на животната средина.
Во оваа прилика ги покануваме сите заинтересирани граѓани за рекреативен риболов од понеделник да си извадат дозволи за риболов во Управната зграда на “Стрежево”, а новост е што како нов член на Македонската риболовна федерација може преку нас да извадат државни дозволи и легитимации за риболов.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани