АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Советниците од опозиционата ВМРО-ДПМНЕ делеа маски на денешната седница на Совет сакајќи да укажат на енормното загадување на воздухот. Претседателот на Советот Валентин Груевски прво се заблагодари, а потоа на опозиционерите им рече дека маските ќе им ги вратат зашто кога ВМРО-ДПМНЕ било на власт им велеле да дуваат во воздухот за да се расчисти.
,,Бараме примена на краткорочните мерки од Локалниот еколошки план. Да забрани движење во центарот на тешки товарни возила, секојдневно да се чистат улиците, да се дистрибуираат брошури... Се боревте и ветувавте дека ќе има чист воздух, а сега прв на листата како најзагаден град е Битола во Македонија, а државата е четврта по загаденост во Европа. Ќе ви дадам една маска за да ве потсетам за ветувањето што го дадовте за воздухот", рече советничката Олга Лозановска од ВМРО -ДПМНЕ.
Претседателот на Советот Груевски возврати:,,Ќе ви ги вратиме маските зашто кога ние зборувавме за маски, ВМРО-ДПМНЕ нѐ нарекувавте животни. Две години не признававте дека воздухот е загаден, за тоа ги обвинувавте божјите сили, а од ВМРО-ДПМНЕ кога протестиравме ни велевте да дуваме во воздухот".
Лозановска рече дека тие никогаш не ветиле дека ќе го исчистат воздУхот и бараше Груевски да и се извини зашто таа лично никогаш не изнела такви навреди. Груевски додаде дека наврадите биле од ВМРО-ДПМНЕ, а појасни дека како сегашната власт ни еднаш не рекла дека нема загадување,преземаат мерки, но дека не може одеднаш да се исчисти.