АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
215 ученици од цела држава се натпреваруваа во пет категории на Државното првенство во скијање за основни и средни училишта што се одржа на Пелистер во организација на Федерацијата и Општинскиот сојуз на училишен спорт.
„Со поддршка на Скијачката федерација и Ски клубот Пелистер натпреварот беше солидно организиран и мина без повреди“, соопшти Михајло Трампевски, претседател на Општинскиот сојуз на училишен спорт.
Меѓу битолчаните кои успеаја да се пласираат до десетто место беа:
-Мила Димовска прво место, Мила Ивановска трето место, Евгенија Божиновска на четврто место, Марија Марковска шесто место, сите ученици во гимназијата „Јосип Броз Тито“ во катергорија на девојчиња од прва и втора година средно училиште.
-Во машка конкуренција на ученици од прва и втора година, најдобро пласиран битолчанец беше Теодор Капинковски од гимназијата „Јосип Броз Тито“ кој го освои петто место. Мицков Андреј од истото училиште се пласираше на шесто место, Петревски Андреј на осмо и Данило Прелевиќ на деветто место.
-Меѓу натпреварувачите од трета и четврта година Софија Петличковска од гимназијата „Јосип Броз Тито“ беше второпласирана, Матеа Цветковска четвртопласирана. Никола Неделковски од истата гимназија во машка конкуренција го освои четвртото место, Ѓорги Стојановски седмо место, Благој Тошев деветто место.
-Од основците, во категоријата девојчиња од осмо и деветто одделение, второ место освои Наталија Чона од ОУ „Стив Наумов“, а на трето место се искачи Емилијана Ризовска од ОУ „Коле Канински“. Во машка конкуренција најголем успех од битолчаните постигна Христо Динев од ОУ „Св. Кирил и Методиј“ освојувајќи го петто место.
-Петто место освои и Ана Дабиќ од ОУ „Кирил и Методиј“ во категоријата на девојчиња од шесто и седмо одделение, па Илина Козарова од ОУ „Гоце Делчев“ на седмо место, Евгенија Негреска од ОУ „Климент Охридски“ осмо место. Од момчињата од Битола најуспешен беше Дони Петличков од ОУ „Гоце Делчев“ на четврто место, потоа Филип Ѓеоргиев од ОУ „Стив Наумов“ стигна до осмото место.
-Од петто одделенците Ангела Ристевска од О.У. “Стив Наумов“ освои петтото место.