2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Ни еден претставник на локалната самоуправа немаше доблест да се појави на почетокот на изградбата на топловодот , рече Корлевски

Декември 09, 2021

И покрај тоа што Топлификацијата ќе биде од огромна корист за жителите на Битола, Новаци и Могила, ниту еден претставник од локалните самоуправи на овие три општини немаше доблест да се појави на означувањето на почетокот на изградбата на трасата по кој ќе минува топловодот од РЕК Битола до Битола. На Коњановски поважен му беше состанок со градоначалниците од Пелагонискиот регион, а на Претседателката на Советот на Општина Битола, Габриела Илиевска поважно и беше снимање за на телевизија. Сепак, СДСМ се надева дека ВМРО – ДПМНЕ и Поинаку нема да бидат кочничари на проектот за Топлификација на Битола бидејќи тоа е проект е за доброто на битолчани, без разлика што го реализира СДСМ.После 40 години постоење на РЕК Битола и децениско размислување за реализирање на проектот, Топлификацијата на Битола, Новаци и Могила конечно станува реалност. Парното греење со водената пареа од РЕК Битола станува реалност благодарение на заложбите на актуелното раководство на АД ЕСМ и на Владата, предводени од СДСМ, рече Борче Корлевски, советник во Општина Битола од редовите на СДСМ и коалицијата.  

 
 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани