2win800x200

Паркиран автомобил  пред битолската "Магаза", а неколку метри потаму камион натоварен со огревно дрво минува низ плоштадот  "Магнолија". 

Мандатни казни од по 50 евра во последните два месеца Комуналната испекција му изрекла на 95 возачи кои своите автомобили ги паркирале несоодветно, а најголемиот дел од нив по тротоарите и тревните површини на Офицерски дом.

Иако на паркингот пред Центарот за култура, паркинг местата се бележани на самата улица, некои возачи во изминатиот период се паркираа и на тротоарот. Со таквото несовесно однесување ги оштетија бехатон плочките со кои беше уреден делот од пешачката зона во центaрот на градот. Не е доволна само декларативна заложба за посреден град, туку треба на дело со своето однесување сите да покажат како се залагаат за поубава Битола.

Страница 3 од 3

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани